Го „уклучи турбото“, ги претрча дефанзивците на шампионот и асистираше за водство (видео)

Лориен и шампионот Лил на одличен начин го отворија петтото коло во Лига 1 со по еден погодок на двете страни по само 25 минути игра. Резултатот моментално е 1-1 откако Јилмаз искористи пенал за гостите, а претходно Лориенте ги израдува домаќините во седмата минута.

Токму при водечкиот гол за Лориен, Нигериецот Терем Мофи ја покажа својата експлозивност така што ја пушти топката во фор при една контра, ги претрча тројцата дефанзивци на Данските доги и успеа да изгради простор за да асистира до Лориенте.

Одличниот спринт и снаодливоста на Мофи можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.

 

- Оглас -

Најнови вести