15.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

Го „улови“ фудбалерот со друга девојка и скандалот го објави јавно (Видео)

Камерунската фудбалска ѕвезда Николас Моуми Нгамалеу е во центарот на скандал. Партнерката на напаѓачот на Динамо Москва, која е руска инфлуенсерка, го фатила како ја изневерува, а инцидентот ескалирал до тој степен што полицијата морала да интервенира.

Нгамалеу е повикан во репрезентацијата на Камерун за клучниот квалификациски натпревар за Светското првенство против ДР Конго на 13 ноември, но не се знае дали ќе може да игра.

Искусниот Нгамалеу (31 година), кој живее во Москва, каде што игра за Динамо, бил во долгогодишна врска со руската инфлуенсерка Ники Сеј. Сепак, врската завршила минатата недела, кога Сеј го фатила на дело во нивниот заеднички стан. Таа пристигнала со пријателка, очигледно сомневајќи се во неверство и знаејќи дека фудбалерот донел друга жена. Нгамалеу првично одбил да ѝ ја отвори вратата, тврдејќи дека неговиот „чичко“ дошол на посета.

Заедно со двајца телохранители и пријателката Сеј, таа успеала да влезе и ги затекнала својот дечко и друга девојка. Целиот настан бил снимен од инфлуенсерката.

@samittova «звезда этого вечера, если бы я не узнала что это еще моя подписчица, которая все знает и приехала на c€k$ в квартиру где цветы с моего дня рождения и всё мои вещи, в квартиру из которой в 6 утра меня выгоняли…» ~~~~~~~~~ Nikki seey в своем телеграмм канале.Очень жаль девушку.Человек которому ты доверяла и отстаивала его,в итоге оказывается таким💩 #nikkisey#moumingamaleu#никкисей ♬ оригинальный звук – samittova

Поради овој инцидент, фудбалерот го пропушти летот за Камерун, каде што треба да се подготвува за клучниот меч за пласман на Светско првенство против ДР Конго на 13 ноември.

- Оглас -

Најнови вести