Го видовте ли лудиот финиш на Бразилците, за 40 секунди дадоа два гола и освоија бод против Тунис (Видео)

Луд финиш, каков што оддамна не е виден на важен ракометен меч на Мундијалите имаше на пресметката меѓу Тунис и Бразил, а африканската селекција на чудесен начин прокоцка предност од два гола на 40 секунди до крај.

Тунижаните водеа до 32:30 во последната мунута, но примија два гола и останаа без победа. Бразилците најпрво намалија на еден гол нагатива со голот на Родригес, а потоа и голманот на Кариоките се истакна со клучна одбрана на 15 секунди до крајот на мечот.

Бразилците изведоа брза контра што за спас од пораз ја реализираше Торијани. Тунис имаше шанса за победа во последниот напад, но ударот за триумф заврши во пречката и падна блиску до гол-линијата, но гол немаше.

Во финишот на денешнито ден во натпреварите од второто коло по групи Данска го декласира ДР Конго со 39:19, уште поубедлива беше Унгарија против Уругвај со триумф од 44:18, а во дербито Шпанија ја победи Полска со 27:26.

 

- Оглас -

Најнови вести