Го видовте ли тенкот на Вест хем, урна сè пред себе и беше јунак на победата (Видео)

Мајкл Антонио е еден од јунаците на победата на Вест хем против Вест Бромвич албион со 2:1, по која продолжи серијата од шест меча без пораз на Чеканите.

Напаѓачот на Вест хем беше стрелец на победничкиот гол во 66-тата минута, а 10 минути подоцна со извонредни потези покажа колку е моќен на теренот.

Антонио изведе прекрасна соло акција, не успеа да го сопре во првиот налет Ромејн Сојерс, а потоа играчот на домаќините во директен дуел и буквално го смете од теренот Матеус Переира.

Michail Antonio shrugs off Matheus Pereira from soccer

Триесетгодишниот напаѓач на Вест хем долго беше повреден, но и со малку настапи сезонава сепак е прв стрелец на тимот со пет гола, колку што има и Џерод Боуен, кој денеска беше стрелец на првиот гол во победата од 2:1.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести