Го викаа да суди кога беше и тешко и жешко и беше феноменален – Интересен судија ќе му ја дели правдата на Шкупи во Даблин (Фото)

Полјакот Бартош Франковски е главен судија на мечот меѓу Шемрок и Шкупи што вечерва ќе се игра на стадионот „Талат“ во Даблин од 21 часот, во рамките на претпоследното квалификациско коло за настап во Лигата на Европа.

Франковски е 35-годишен судија со знакот на ФИФА од 2014 година и со интересно искуство во различни лиги.

Секако, полската Екстракласа му е приоритет на Франковски, но има судено и во Џеј-лигата во Јапонија во 2016 година и во Саудиска Арабија во сезоната 2018/19.

Можеби и најинтересниот момент во кариерата го имаше во 2018 година, кога беше жешко во Молдавија, па за финалето на националниот куп меѓу Милсами и Зимбру напомош беше повикан токму полскиот судија.

Франковски одржа модерен час по судење во наелектризирана атмосфера во Кишињев, каде што Милсами го победи фаворизираниот Зимбру со 2:0 по продолженија, па ниту поразениот тим немаше забелешки.

Вечерва на Франковски во Даблин ќе му помага полското трио Марцин Боњек и Јакуб Винклер како помошни судии и Криштоф Јакубик како четврти судија.

https://twitter.com/ShamrockRovers/status/1555206930733359104?s=20&t=67dyr29lCQLB9kpWiWS-fA

- Оглас -

Најнови вести