Играше за Шалке 04 против Вардар, сега е нов селектор на Бугарите и ќе ги предводи против Македонија во септември

Младен Крстајиќ е нов селектор на Бугарија и ќе биде на кормилото на нашиот ривал во Лигата на нациите во следните две години.

Денеска и официјално е промовиран во селектор на Бугарија, што значи дека ќе дебитира на меч против Гибралтар на 23 септември, а само три дена подоцна ќе ни биде гостин во Скопје на мечот Македонија – Бугарија, што е последен во четвртата група од Сегментот Ц во Лигата на нациите.

Крстајиќ е познато фудбалско име, како играч настапуваше за Партизан, Вердер, Шалке 04, а со тимот од Гелзенкирхен играше против Вардар во Интертото купот во 2004 година.

Како тренер почна на интересен начин и во 2017 година беше именуван за селектор на Србија.

Потоа го водеше тимот на ТСЦ, па Макаби Тел Авив и сега е селектор на Бугарија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести