29.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Го загубија финалето, па направија хаос на теренот (Фото+Видео)

Интер Мајами го загуби финалето на Лига купот на Северна Америка, и тоа убедливо со 3-0 од Сиетл саундерс. Сепак, се чини дека ѕвездениот Интер Мајами не можеше да се помири со ваков пораз, па по мечот настана вистински хаос на теренот.

Не се знаеше кој кого турка и удира, а тешко беше да се смират мачните сцени.

Сепак, од сите актери во нередите, најмногу се истакна Луис Суарес, кој го плукна во лице еден од тренерите на Сиетл. Нема сомнеж дека по ваквиот развој на настаните ќе следуваат драконски казни.

- Оглас -

Најнови вести