Аталанта е на прагот да обезбеди важна победа на гостувањето кај Удинезе во мечот од 28-то коло во Серија А. Божицата води со 3-1, но вториот погодок на гостите е вистинско ремек-дело на Луис Муриел.
Колумбискиот офанзивец ја затресе мрежата на голманот Мусо за 2-1 во 71-та минута, откако изведе фантастичен слободен удар од околу 25 метри. Чуварот на мрежата на Зебрите немаше никакви шанси да интервенира, па закован во место ја проследи топката во голот.
Мајсторијата на Муриел можете да ја видите ТУКА.