Францускиот интернационалец Микаел Малса ја има најубавата фудбалска бомба сезонава, што сепак не заврши зад грбот на Јан Облак.
Играчот на Леванте од прва, од околу 40-тина метри упати проектил кон голот на Атлетико Мадрид, а топката со цела сила и во интересен лак ја здрма пречката.
OH MY GOD Levante’s Malsa nearly scored one of the best goals ever pic.twitter.com/i798lSg7uC
— WolfRMFC (@WolfRMFC) February 16, 2022
Штета што не беше гол, а ова е сигурно најубавиот фудбалски проектил што ќе го видите досега во 2022 година.
Малса влезе во игра за Леванте во 62-рата минута на местото на македонскиот репрезентативец Енис Барди, а и двајцата со соиграчите се радуваа на голема победа од 1:0 против актуелниот првак Атлетико Мадрид.
Леванте со голот на Гонзало Мелеро во 54-тата минута ги освои бодовите и по вторпат по ред го победи Атлетико на „Ванда Метрополитано“, откако и лани во февруари славеше со 2:0.