Го замени Ристовски во Спортинг, сега Анчелоти го бара во Реал Мадрид

Реал Мадрид е заинтересиран да го ангажира Педро Поро, 22-годишниот десен бек на Манчестер сити, кој игра извонредно како позајмен фудбалер во Спортинг Лисабон.

Шпанскиот бек е една од причините што од Спортинг си замина нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, кој сега игра за Динамо Загреб.

Педро игра импресивно за популарните Лавови од Лисабон и успеа да се наметне како сериозна опција за да биде засилување на Реал Мадрид.

Манчестер сити го купи десниот бек од Жирона пред две години и плати 12 милиони евра, а  потоа го позајмуваше во Валјадолид и сега во Спортинг.

Клубот од Лисабон одигра мудро и при позајмицата договори и можен откуп на договорот што Поро го има со Сити за сума од 8,5 милиони евра.

По интересот на Реал Мадрид, Спортинг сигурно ќе ја искористи клаузулата да го откупи Поро, а потоа веројатно ќе му го продаде на Кралскиот клуб за многу поголема сума.

Десниот бек на Спортинг сезонава на 7 меча постигна два гола и има една асистенција, што е добар ефект за одбранбен играч.

 

- Оглас -

Најнови вести