Го замори финалето со Ѓоковиќ – Чилиќ испадна во второто коло во Астана и утна нов меч со српскиот ас

Марин Чилиќ не успеа да го повтори добриот настап од АТП-турнирот во Тел Авив, кога играше финале со Новак Ѓоковиќ и денеска, само по четири дена од тој меч, загуби од Карен Хачанов во Астана со 1:2.

Хрватот не успеа да го освои пехарот во Израел, а многу брзо испадна на АТП-турнирот во Астана веќе во второто коло.

Поведе со 1:0 во сетови откако го надигра рускиот тенисер со 6:2, но потоа не успеа да освои уште еден сет за победа.

Хачанов се разигра и на двапати со по 6:3 го заврши дербито во Астана со победа од 2:1 во сетови.

И што е најинтересно, во следното коло веројатно противник ќе му биде Новак Ѓоковиќ.

Српскиот ас игра со Ван Де Зандшулп денеска од 14 часот и ако победи, ќе игра против Хачанов за полуфинале во Астана.

 

- Оглас -

Најнови вести