Го засакаа Скопје од прва, Англичаните уживаат во евтиното пиво и сонцето (Фото)

Нема да изостане поддршката за англиската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје, ќе има околу 2.300 фанови на Гордиот Албион, а некои од нив веќе почнаа да се загреваат со пиво, кое тука е многу поевтино отколку кај нив дома.

Џек од Нотингам вели дека пристигнале пред два дена, го прошетале градот и им се допаѓал.

„Најмногу ни се допаѓа тоа што пивото е многу евтино. Цената е 2-3 фунти, што е навистина евтино. Дојдени сме група од Нотингам, од кои еден дел навиваат за Форест а другите се за Нотс каунти. Сепак, на вакви мечеви сите заедно навиваме за Англија“, ни рече Џек.

Адам од Линколн првпат е во Македонија.

„Убаво е тука, ми се допаѓа што е сончево времето. Ние сме група што навиваме за Линколн, кој игра во Лига 1, а често одиме и на гостувања на репрезентацијата. Очекувам вечер да победиме лесно со 2-0 или 3-0“, типува овој навивач.

- Оглас -

Најнови вести