19.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Го земаа за резерва, експресно стана рекордер со најдолга серија без примен гол

Бенфика го урна рекордот на Манчестер сити сезонава без примен гол 680 минути, а најзаслужен за подвигот и најдолгата актуелна серија во најсилните првенства во Европа е резервниот голман Хелтон Леите.

Тој успеа од позиција резервен голман, најпрво да го искористи отсуството на повредениот Влаходимос и да брани стандардно за Бенфика, а сега успеа над 11 часа да биде и неосвладан.

Претходно Манчестер сити ја имаше најдолгата временска серија без примен гол, точно 603 минути и тоа во периодот од 17 до 23 коло во Премиерлигата.

Интересно е што Едерсон, кој е Бразилец и брани за Сити, а го имаше рекордот сезонава сега е сменет со неговиот сонародник Хелтон Леите од Бенфика.

 

- Оглас -

Најнови вести