Го знаеме од Атлетико Мадрид, а откако се пензионира, експресно стана трофеен тренер

Многу фудбалери по завршувањето на играчката кариера одлучуваат да се посветат на тренерската професија, но малкумина имаат толку успешен почеток како Филипе Луис.

Поранешниот бразилски репрезентативец се пензионира во јануари 2024 година, а веднаш потоа започна со работа во младинските категории на Фламенго. Веќе во септември доби можност да го предводи првиот тим и во многу краток период постигна неверојатни резултати.

Под негово водство, Фламенго освои три значајни трофеи, Купот и Суперкупот на Бразил, како и шампионатот „Кариока“. Освен тоа, на 26 натпревари забележа само еден пораз, а на 17 меча неговиот тим не прими гол, што е импресивна статистика.

Новата сезона во бразилското првенство започнува кон крајот на март, а Филипе Луис сигурно ќе се обиде да ја продолжи својата успешна тренерска приказна и да ја донесе шампионската титула во Фламенго.

- Оглас -

Најнови вести