Гобер ја одложи и НХЛ-лигата

По прекинот на сезоната во НБА-лигата, извршниот одбор на хокеарската лига на САД донесе одлука да се одложи сезоната на одреден период. Во официјално соопштение комесарот Гери Бетман ги образложи причините за прекинот на шампионатот, во ваква ситуација е безпотребно да се ризикува и да се продолжи со натпреварување е препораката на медицинските експерти.

Големи се шансите вирусот Ковид-19 да се пренесе и до хокеарите, односно до кого било од стурчниот штаб, ако се земе предвид дека клубовите меѓусебно делат тренинг-комплекси и се во постојан контакт.

Кошаркарите на Јута, Руди Гобер и Донован Мичел, го започнаа хаосот преку Барата, доволно беше двајца играчи да го вклучат алармот и да се преземат вакви ригорозни мерки. Ѕвездите на Џез се изолирани, додека останатите членови ги поминаа тестирањата, но се испитува секој член на Кошаркарската асоцијација.

И бејзбол МБЛ-лигата донесе иста одлука да се одложат подготовките, односно да се помести стартот на новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести