Годин си оди од Интер, го сака тимот кој беше најголем губитник поради корона-вирусот

Диего Годин со години беше еден од најдобрите централни дефанзивци и капитен на Атлетико Мадрид. Сепак, уругвајскиот репрезентативец лани реши да си замине од Мадрид и го прифати предизвикот во Интер. Иако има огромно искуство и докажан квалитет, Годин сепак не се снајде најдобро на „Џузепе Меаца“ и не се избори за стандардно место во првиот состав на Нераѕурите.

Токму поради помалата минутажа која ја добива, се најавува дека Годин ќе си замине од Милано по само една година престој. Шпекулациите се дека дефанзивецот ќе заигра во францускиот шампионат и тоа во тимот на Олимпик Лион. Лион е клубот кој е можеби и најголемиот губитник поради корона-вирусот. Откако во Франција беше прекинато првенството Лион заврши на седмото место и така по пауза од повеќе од 20 години не успеа да се избори за излез во Европа.

Годин во Интер има одлична плата и заработува 5,5 милиони евра по сезона. Доколку направи трансфер во Лион, неговата плата сигурно ќе биде многу помала, но би имал сигурно место меѓу стартерите.

 

- Оглас -

Најнови вести