Годината одлично почна за Александар од Струмица, освои 100 илјади како јануарски победник во Типстер купот

Деветте добитни тикети во јануари кои ги исполнуваат условите на Типстер купот на Sport Life, на Александар Данилов од Струмица му донесоа премија од 100.000 денари, а воедно ова е и најголема добивка во неговата обложувачка кариера.

Александар е редовен обложувач, ги игра сите игри и учествува во сите промоции на Sport Life и овие 100.000 денаро одлично ќе му дојдат бидејќи тој уплаќа по 50 денари на тикетите, па ќе има и повеќе од доволно голем буџет за следниот период.

„Мешам спортови, играм и фудбал и кошарка, во јануари и ракомет. Порано уплаќав по 20 денари, сега по 50. Не бркав големи квоти, играв тикети со квоти од 1.50-1.60 и тоа ми донесе резултат во Типстер купот, кој го играм од неговиот почеток. Најважно ми беше да го фатам условот за учество. Оваа добивка од 100.000 денари ми е најголема досега. Јануари беше среќен месец за мене“, вели Александар.

Данилов не сакаше да ја открие целосно својата тактика и кои игри му се омилени, но меѓу редови објасни дека најчесто типува игри на голови во фудбал и плус-минус поени во кошарка.

Александар најчесто типува на фудбал, НБА и евролигашка кошарка. Омилени клубови му се фудбалскиот Реал Мадрид и Бостон селтикс од НБА, додека од кошаркарите, фаворит му е Демиен Лилард од Портланд.

„Не би откривал кои ми се омилени игри, но да, повеќе типувам на голови во фудбал и кај кошаркарите на плус-минус поени. Редовно играм, уживам додека го пијам утринското кафе да составам скромен тикет. Кога нема поголем избор на натпревари од главните спортови, на тикетот знае да се најде и натпревар од снукер или пикадо“, раскажува струмичанецот.

Типстер шампионот за јануари ги следи сите игри на Sport Life, за нив дебатира со колегите и роднините, но во другите игри, како Спортска прогноза, не му оди како во Типстер купот.

„Во Спортска прогноза не сум баш успешен, но играм редовно, сега се надевам на стан во Скопје, а интересна ми беше и таа промоцијата со 50 натпревари, кој најмногу ќе погоди. Имав и по 30-40 погодоци, но не освоив награда“, заклучува Александар, кој вчера со типувањето за ваучер прогнозираше 0-0 како точен резултат на мечот Борусија – Челзи и за малку не погоди, Германците триумфираа со 1-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести