29.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Годините не му можат ништо: Роналдо и на 38 години прави атрактивни „ножички“ (Видео)

Ал-Наср и Пари Сен Жермен одиграа пријателски меч без голови, а како и секогаш во фокусот на вниманието беше Кристијано Роналдо. Португалецот кој има 38 години, покажува дека и во предсезонските мечеви е одлично подготвен и има атлетски предиспозиции на кои многумина може да подзавидат.

Роналдо играше до 66 минута, а за вемето поминато на теренот имаше неколку шанси за погодок. Во 40 минута биеше од неколку метри, но голманот на ПСЖ, Џиџи Донарума рефлексно одбрани.

https://twitter.com/i/status/1683795490008076288

Неколку минути подоцна Роналдо го изведе и најатрактивниот потег на мечот, кога се обиде со „ножички“ да погоди. Португалецот шутираше атрактивно, но неговиот удар заврши покрај гол, но дури и да имаше погодок, немаше да биде признанен затоа што Роналдо беше во офсајд позиција.

https://twitter.com/i/status/1683796861746913282

- Оглас -

Најнови вести