Годините ништо не му можат, 59-годишниот Трпе Мартиновски го истрча Скопскиот маратон

Легендарниот македонски маратонец и поранешен државен рекордер Трпе Мартиновски, кој за две недели ќе наполни 60 години, вчера успешно го истрча Скопскиот маратон, продолжувајќи ја низата која ја почна на првото издание на маратонот во 1997 година.

Во 1997 година, Мартиновски беше најдобар Македонец и го освои шестото место на маратонот. Сега, 27 години подоцна, успех е што ги истрча фамозните 42.195 метри, а му требаа 4 часа за подвигот, објавија од неговиот клуб Вардар.

Легенда која трае.

- Оглас -

Најнови вести