34.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Годините се само бројка, Венус Вилијамс стана најстарата победничка на меч во последните 21 години

Легендарната американска тенисерка, Венус Вилијамс, се пласираше во второто коло на турнирот во Вашингтон.

Вилијамс, која има 45 години, ја совлада сонародничката Пејтон Стернс со 6-3, 6-4 и стана најстарата тенисерка што добила ВТА-натпревар по Мартина Навратилова, која имаше 47 години кога доби меч на Вимблдон во 2004 година.

Во следната рунда, Вилијамс ќе игра против полската тенисерка Магдалена Фреч. Вилијамс има 7 гранслем-титули во кариерата, која трае 30 години, а и покрај долгата пауза што ја имаше, покажа дека е во добра форма. Венус речиси две години немаше победа, а 16 месеци воопшто нема играно меч, ја водеа како неактивна, затоа и беше аутсајдер против 23-годишната Стернс, која е 35-та на ВТА-листата.

„Не сум тука за никого освен за себе, немам што да докажувам, нула. Тука сум затоа што сакам да бидам тука. Ако не победите во првиот натпревар, тоа не значи дека не треба да се обидете повторно. Многу сум среќна што го постигнав резултатот што го сакав, но и да не го постигнев, едноставно ќе преминев на следниот турнир“, рече Вилијамс на прес-конференцијата.

 

- Оглас -

Најнови вести