Годините си го прават своето: Буфон прими гол каков што ретко примал (Видео)

Јувентус во минатото коло ја прослави новата титула во Серија А, па во последните две кола може да си дозволи порелаксирано да одигра. На гостувањето кај Кајлари, Јувентус по првиот дел има негатива од 2:0, а посебно впечатлив беше вториот погодок на домаќините.

На голот на Јувентус е легендарниот Џанлуиџи Буфон, кој е директен виновник за погодокот на Симеоне. Напаѓачот на Калјари шутираше надвор од шеснаесетникот, а иако делуваше дека тоа е шут кој лесно ќе го одбрани голман од калибарот на Џиџи, на крајот топката заврши во мрежата на Јувентус.

Едноставно, рефлексите на Буфон не се како пред 10-15 години.

- Оглас -

Најнови вести