Пред точно четири години, на 23 април 2017 година се случи можеби најпровокативната и најпозната прослава на гол, која ја изведе Лионел Меси откако ѝ донесе победа на Барселона во Ел Класико дербито против Реал кое се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.
Се играше судиското надополнување кога гостите тргнаа во напад преку Серхи Роберто. Шпанецот повлече речиси до шестнаесетникот на Кралевите, го проигра Алба, а овој го виде слободниот Меси и му го намести победничкиот гол за 3-2 на Каталонците. За Меси тоа беше втор гол на средбата, односно јубилеен 500-ти во дресот на Барселона, по што го соблече дресот и го крена високо пред трибините каде што беа сместени навивачите на Реал, покажувајќи кој е најдобар во фудбалот.
Доста фудбалери го копираа подоцна, дури и самиот Роналдо на ист начин прослави погодок на „Камп ноу“ како одмазда, но првиот чин на Меси уште долго ќе се памети во најважната споредна работа на светот.
On this day in 2017, Lionel Messi with a last second goal for Barcelona in their 3-2 win vs. Real Madrid. And this iconic celebration. pic.twitter.com/QRxT2idm8o
— Roy Nemer (@RoyNemer) April 23, 2021