22.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Годишнина од најстрашната повреда во историјата на фудбалот (Видео)

Пред точно 39 години на стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца се случи инцидент кој уште се прераскажува. Играа Фиорентина и Џенова, кога во еден момент на терено се судрија домашниот фудбалер Џанкарло Антонини и гостинскиот голман Силвано Мартин.

Антонини беше во напад, кога Мартин со нога удри директно во главата на противникот. Играчот на Фиорентина остана да лежи неподвижен на теренот, а неколку секунди подоцна му застана и срцето.

Некои од играчите веќе почнаа да плачат и да жалат за трагедијата која се случи, а капитенот на Џенова Клаудио Онофри, почна да вика дека Антонини умре.

Меѓутоа, тогаш се случи чудо. Докторите на двата тима веднап втрчаа на теренот и му дадоа прва помош на повредениот играч. Успеаа да го реанимираат и срцето на Антонини почна повторно да чука. Подоцна, играчот беше однесен во болница и му беше направена операција на главата.

Антонини успеа целосно да закрепне по оваа повреда, па дури беше и дел од репрезентацијата на Италија која на Светското првенство во 1982 година стигна до златниот медал на Мундијалот.

 

- Оглас -

Најнови вести