Гофан водеше со 5-0 во петтиот сет и успеа да го загуби мечот на Вимблдон!

Искусниот белгиски тенисер Давид Гофан како лаки лузер влезе на главниот турнир на Вимблдон, како замена за Енди Мареј, кој се повлече во последен момент, но мечот од првото коло го загуби на драматичен, просто неверојатен начин.

Гофан водеше 2-0 во сетови против Чехот Томаш Махач, но по четири одиграни сетови, резултатот беше 2-2, а во петтиот сет Гофан поведе со 5-0. Но, иако беше само на гејм од победа, Гофан му дозволи на противникот да освои пет гејма по ред и да израмни на 5-5. Потоа двајцата освоија уште по еден гејм, беше 6-6 и се играше супер тајбрејк до 10 за одредување на победникот.

Чехот беше подобар и дојде до победа против Белгиецот, кој пред две години дојде до четвртфинале на Вимблдон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести