Ѓокереш е бесен, го отстрани Спортинг од својот опис на социјалните мрежи (Фото)

Напаѓачот на Спортинг Лисабон и на шведската репрезентација, Виктор Ѓокереш, го отстрани спомнувањето на португалскиот клуб од описот на својот профил на социјалните мрежи.

Овој 27-годишен голгетер е бесен на однесувањето на раководството на Спортинг откако открил дека не го почитува џентлменскиот договор меѓу нив.

Минатото лето било договорено Ѓокереш да остане во Спортинг уште една сезона, бидејќи клубот му ветил дека ќе може да си замине доколку добијат понуда од 60 милиони евра, плус 10 милиони евра бонуси. Но, клубот од Лисабон сега бара најмалку 80 милиони евра од клубовите кои сакаат да го потпишат Ѓокереш, што е спротивно на ветувањето што му го дале на играчот.

Се шпекулира дека шведскиот напаѓач е интересен за голем број врвни европски клубови. Во сезоната 2024/2025 тој постигна 54 гола и имаше 11 асистенции на 52 натпревари за Спортинг во сите натпреварувања. Договорот со Лавовите од Лисабон му е до јуни 2028 година.

Освен Спортинг, Ѓокереш ги отстрани и спомнувањето на шведската репрезентација и на спонзорот „Најки“.

- Оглас -

Најнови вести