Ѓокереш е најефикасниот фудбалер во светот за 2024 година, никој не му е ни блиску

Оваа 2024 година беше година во која се појави еден од најнезаситните напаѓачи кои се видени во Европа во последно време. Виктор Ѓокереш е крунисан за најдобар стрелец на годината со 62 гола на 63 меча во дресовите на Спортинг Лисабон и репрезентацијата на Шведска.

Во последните 20 години, над 60 гола во една календарска година имаа дадено само Меси, Кристијано Роналдо и Левандовски, а сега им се придружи и унгарскиот Швеѓанец.

Откако ИФФХС почна да ја доделува наградата „Најдобар машки светски голгетер на годината“ во 2011 година, рекордот го држи Лионел Меси, кој во 2012 година даде неверојатни 91 гол, но Кристијано петпати бил голгетер на годината. Во 2023, Роналдо беше прв стрелец со 54 гола.

Ѓокереш покажа конзистентност, 26 гола за Спортинг даде во првата, 27 во втората половина. За националниот тим даде 10 гола и со Александар Исак го формираат еден од најопасните тандеми во репрезентативниот фудбал во Европа.

Сè уште има скептици кои не му веруваат на Виктор како елитен „убиец“ додека не ја напушти Португалија и не се пресели во топ-лигите. Сега тој е еден од најбараните напаѓачи на планетата и сè укажува дека тој ќе биде следниот член на клубот со трансфери од 100 милиони евра. Но, за ова сепак ќе треба да почекаме неколку месеци.

Најдобри стрелци за 2024 година

    1. Виктор Ѓокереш (Спортинг): 62 гола
    2. Ерлинг Халанд (Манчестер сити): 49 голови
    3. Хари Кејн (Баерн Минхен): 46 гола
    4. Кристијано Роналдо (Ал-Наср): 43 гола
    5. Ву Леи (Шангај порт): 42 гола
    6. Роберт Левандовски (Барселона): 42 гола
    7. Џонатан Дејвид (Лил): 40 гола
    8. Рафаелсон (Нам Димх): 40 гола
    9. Ајуб Ел Кааби (Олимпијакос): 40 гола
    10. Килијан Мбапе (Реал Мадрид): 39 гола
- Оглас -

Најнови вести