23.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Ѓокереш не ни заигра за Арсенал, а веќе урна клупски рекорд

Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш само пред четири дена потпиша договор со Арсенал, а веќе постави нов рекорд во клубот.

По неколкумесечни преговори, Арсенал го ангажира Ѓокереш од Спортинг за сума од 63,5 милиони евра. Бидејќи дресот со број „9“ веќе му припаѓа на Габриел Жезус, Швеѓанецот мораше да избере друга опција и се реши за бројот „14“.

Овој број има особено значење за навивачите на Арсенал бидејќи токму со него настапуваше легендарниот Тјери Анри во најславните денови на Топчиите. Потегот на Ѓокереш се покажа како маркетиншки одличен за лондонскиот клуб.

Арсенал одлучи на своите навивачи да им понуди бесплатно печатење на презимето на Ѓокереш и бројот „14“ на дресовите за новата сезона – услуга која инаку чини 18,5 евра. Овој промотивен потег беше вистински погодок.

Навивачите масовно се упатија кон клупските продавници за да си набават дрес, а онлајн продавницата во еден момент дури и не можеше да издржи поради преголемата побарувачка.

Според првичните податоци, само за четири дена продажбата на дресови со натпис „Ѓокереш 14“ ја надмина продажбата на сите останати дресови.

Пред доаѓањето на Ѓокереш, најбарани беа дресовите на Букајо Сака, Деклан Рајс и на Мартин Одегард.

- Оглас -

Најнови вести