Ѓокереш: Никогаш веќе нема да играм за Спортинг, кај мене уцени и закани не поминуваат!

Виктор Ѓокереш по ниедна цена не сака да се врати во Спортинг Лисабон, а клубот најави дека ќе го суспендира ако не се појави на подготовките за новата сезона.

Но, Швеѓанецот тврди дека тоа не доаѓа во предвид.

„Ме знаат – кај мене уцени и закани не поминуваат. Сигурно е дека никогаш повеќе нема да играм за Спортинг“, изјави шведскиот напаѓач, кој минатата сезона постигна 54 гола на 52 натпревари.

Ѓокереш лани прифатил да остане уште една сезона, но, според него, претседателот на клубот, Фредерико Варандаш, му ветил дека ќе го пушти за сума од 60 милиони евра, плус бонуси. Сега првиот човек на Лавовите негира таков договор, тврдејќи дека изјавите на агентот само ја влошуваат ситуацијата, и дека единствено што може да вети е дека нема да бара 100 милиони евра.

Играчот одби понуда од Манчестер јунајтед, се надеваше на трансфер во Арсенал, но нивна примарна цел е Бењамин Шешко. Се споменуваа и Милан и Јувентус, но Милан нема доволно средства, а Јувентус не може да го продаде Влаховиќ, бидејќи веќе се договориле со Канаѓанецот Џонатан Дејвид.

Иако е извесно дека Ѓокереш нема да остане без понуди, во моментов ниеден клуб не е подготвен да плати над 80 милиони евра, колку што бара Спортинг Лисабон.

Неговиот агент Хасан Четинкаја за шведските медиуми изјави дека претседателот на Спортинг лаже и дека има докази оти му било ветено намалување на откупната клаузула.

Играчот се чувствува изморено и изневерено од клубот со кој освои две титули и двојна круна оваа сезона. Тој е подготвен на сè, освен да игра повторно за Спортинг. Двете страни се длабоко закопани во своите позиции, а оние што го познаваат Ѓокереш, кој по потекло е Унгарец, а татко му се преселил во Шведска, велат дека донел конечна одлука, длабоко е разочаран и по секоја цена ќе истрае да си замине од Лисабон.

- Оглас -

Најнови вести