Шведската машина за голови, Виктор Ѓокереш, има проблем со раководството на Спортинг Лисабон кое не сака да го продаде за сумата за која лани му ветуваа дека ќе го продадат, туку сега бараат повеќе, а има и други непријатности во потрагата по клуб.
Има информации дека Ѓокереш одбил да прејде во Манчестер јунајтед каде менаџер е неговиот поранешен тренер од Спортинг, Рубен Аморим. Причина за тоа е неучеството на Јунајтед во европските купови.
Наводно желба на Ѓокереш бил трансфер во лондонски Арсенал. Проблемот е што менаџерот на Топчиите, го преферирал Словенецот Бенџамин Шешко од Лајпциг како засилување во шпицот на нападот, а не Ѓокереш.
Јувентус истотака е заинтересиран за Швеѓанецот, и ја следат ситуацијата околу преговорите на фудбалерот со премиерлигашите.
Минатата сезона Ѓокереш даде 54 гола, повеќе од било кој друг фудбалер во Европа. Тој има искуство од играње во Англија, но сега е докажан голгетер и би бил големо засилување за тимот во кој ќе се пресели.