Виктор Ѓокереш е сѐ поблиску до трансфер во Арсенал, пишува италијанскиот новинар Николо Шрила. Голгетерот на Спортинг од Лисабон ги договорил личните услови со англискиот премиерлигаш Арсенал и сега се чека само да се договорат клубовите за сумата на трансферот. Проценките се дека трансферот треба да изнесува околу 75 милиони евра.
Шведскиот репрезентативец ќе потпише петгодишен договор со Арсенал и треба да биде најголеми засилување за Топчиите кои минатата сезона ја завршија без освојување на ниту еден трофеј.
Ѓокореш има импресивен скор за две сезони поминати во тимот на Спортинг. Во 102 натпревари постигна дури 97 голови, а гигантот од Лисабон во двете сезони ја освојуваше шампионската титула. Тој има и 26 настапи за шведската репрезентација, каде билансот му е 15 погодоци.
Во кариерата, Ѓокереш има настапувано ии за екипите на Бромапојкарна, Сент Паули, Свонси и Ковентри.