Ѓокереш се премислил, сега повторно сака трансфер на „Олд Трафорд“

Виктор Ѓокереш повторно ги променил своите приоритети, воден од силната желба да го напушти Спортинг Лисабон. Долго време се тврдеше дека Швеѓанецот најмногу сака да прејде во Арсенал. На средината на месецов, еден португалски спортски весник објави дека агентите на напаѓачот го известиле Манчестер јунајтед, кој исто така покажуваше интерес, дека Ѓокереш не сака трансфер на „Олд Трафорд“.


Арсенал, пак, усвои тактика на чекање, и во моментов е познато дека имаат два главни кандидати за нападот, Бењамин Шешко и Виктор Ѓокереш, но сè уште немаат испратено официјална понуда за ниту еден од нив. Англиските медиуми последниве недели пренесуваат дека фокусот сè повеќе се префрла кон Словенецот.

Јувентус исто така покажа интерес, но изгледа дека Бјанконерите ќе се задоволат со ангажманот на слободниот агент Џонатан Дејвид. Во Италија исто така се појави информација дека ѕвездата на Спортинг го одбил Јувентус бидејќи сака да игра во Премиер лигата. Гласините за интерес од Ливерпул беа брзо негирани од извори блиски до англискиот шампион.

Сето тоа, во комбинација со тензиите меѓу таборот на Ѓокереш и претседателот на Спортинг Лисабон, кој инсистира на трансферна сума од најмалку 80 милиони евра, ја прави ситуацијата за Швеѓанецот крајно неизвесна. Тој, сепак, е решен да замине по секоја цена, и дури се заканил дека ќе започне своевиден штрајк и нема да се појави на стартот на подготовките на Лавовите од Лисабон.

Во вакви околности, Ѓокереш повторно го вратил Манчестер јунајтед меѓу своите приоритети, со цел да се обедини со својот поранешен тренер Рубен Аморим.

- Оглас -

Најнови вести