Ѓоковиќ 392-ра недела на чело на АТП, Алкарас заостанува повеќе од 3.000 поени

На најновата АТП-листа на најдобри светски тенисери која беше објавена утрово, лидерот Новак Ѓоковиќ има повеќе од 3.000 поени предност во однос на второпласираниот Карлос Алкарас.

Само уште осум недели фалат за Ѓоковиќ да дојде до неверојатната бројка од 400 недела како број 1. До крајот на годината, Србинот ќе одигра уште три, а Шпанецот уште пет турнири, па теоретски можно е да дојде до промена на врвот на листата, иако во моментов Новак е недопирлив за 16 години помладиот Шпанец.

Ѓоковиќ му бега на Алкарас за 3.260 поени, но до крајот на годинава брани дури 2.850 од лани, а Алкарас не брани ништо и е во поповолна позиција. Наскоро Новак губи 750 поени затоа што нема да игра во Астана и Тел Авив, па ќе брани 600 во Париз и 1.500 во Торино.

Од македонските тенисери, Калин Ивановски е најдобар и единствен во топ 1.000, на 330-тото место.

Кај жените, прва е Арина Сабаленка пред Ига Швјонтек и Коко Гоф, а од нашите најдобра е Лина Ѓорческа, која е 216-та на светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести