Ѓоковиќ ако денеска победи, ќе ги надмине Надал и Федерер

Новак Ѓоковиќ ќе игра против Борна Чориќ во осминафиналето од АТП-турнирот во Виена, а мечот иако не е за титула, сепак е многу важен. Со евентуален триумф на Србинот и пласман во четвртиналето, Ноле ќе добие доволен број бодови за да биде на челната позиција на АТП-листата до крајот на годината.

Ако успее да заврши како првопласиран на АТП-листата, за Ѓоковиќ тоа ќе биде шеста година во која е лидер. Досега единствено легендарниот Пит Сампрас успеал шест сезони да заврши како прв на АТП-листата. По петпати тоа им успевало на Џими Конорс, Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Ѓоковиќ и Чориќ досега играле четирипати меѓу себе и во сите четири меча Србинот победувал без да загуби ниту еден сет. Но, дури и да победи против Чориќ, Ноле нема официјално да биде прогласен за прв на АТП до крајот на годината затоа што постои опција Надал да се бори за лидерското место, но само доколку Шпанецот се појави на турнирот кој од 8 до 14 ноември ќе се игра во Софија, што е речиси и неверојатно. Надал самиот најави дека до крајот на сезоната ќе игра само во Париз и Лондон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести