Ѓоковиќ: Ако не се чувствувам дека можам да го освојам Вимблдон, воопшто нема ни да играм

Седумкратниот освојувач на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ уште нема одлучено дали ќе настапи на најновото издание на неофицијалното светско тениско првенство. Ѓоковиќ закрепнува од повредата на коленото поради која пред три недели беше и на операција. Српскиот тенисер се повреди во четвртфиналето на Ролан Гарос кога  и мораше да се откаже од настап на тој Гренд слем турнир. Сега најавува дека ако чувствува дека не е сто отсто подготвен, воопшто нема да настапи на турнирот во Лондон.

„Не дојдов тука за да одиграм само неколку меча. Ако знам дека можам да играм блиску до својот максимум, тогаш ќе играм. Ако не, тогаш ќе го отстапам моето место на некој друг тенисер. Рехабилитацијата оди во вистинска насока и секој ден сум се подобар и подобар. Тоа ми дава надеж и сила да продолжам. Уште не се форсирам 100 отсто, но е надевам дека во наредните неколку дена ќе дојдам до тоа ниво“, рече Ѓоковиќ.

Популарниот Ноле кој е рекордер со 24 гренд слем титули, во 2024 година има суша и уште нема триумф на ниту еден турнир. Колку за потсетување, Ѓоковиќ минатата година триумфираше на три од четирите гренд слем турнири, а единствениот пораз го имаше токму на Вимблдон кога во финалето, по голема борба во пет сета загуби од Карлос Алкарас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести