Ѓоковиќ алармира: Тенисот кај нас буквално умира!

Србија ја победи Грција и се пласираше во Светската група на тенискиот Дејвис куп. По завршување на мечот, најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ зборуваше за тенисот во Србија во изминативе неколку децении.

„Почетната точка која ја имавме во златната генерација беше солидна. Ги имавме Моника Селеш и Боба Живојиновиќ. Тие направија значани резултати на интернационално ниво. Хрватска тогаш имаше поголема традиција од нас. Имаше циклуси кога се навиквавме Србија да има успеси и мило ми е што нема да се заборави дека овој успех е заеднички, колективен. Не треба да се заборават Ана и Јелена кои беа број 1 на светската ранг листа и беа инспирација за многу млади девојчиња да тренираат. Тоа имаше позитивен сигнал“, рече Ѓоковиќ кој потоа се осврна на проблемите со кои се соочува овој спорт во Србија.

„Нашиот клупски тенис умира. Буквално умира. Партизан веќе 10-15 години не се натпреварува никаде. Јас потекнав од таму. Виктор е од Црвена ѕвезда… Нивото на клупскиот фудбал беше на исклучително високо ниво. Јас од 10 до 28 години секој ден имав врвни спаринг партнери, кои беа многу подобри од мене и ме влечеа напред. Денеска тоа го нема. Тоа е еден голем проблем и се надевам дека тоа ќе се промени. Тоа е основата на се. Не може да се базирате на системот, бидејќи тој не постои. Ова не е одржливо. Потребно е да се засукаат ракавите и да се види што треба да се смени. Не може да живееме само од успесите и да се надеваме дека ќе преживееме. На државно ниво не постои никаква организација. Само треба да го примениме тоа што функционира во другите места“, критички беше расположен Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести