Новак Ѓоковиќ со максимални 3-0 го совлада Лоренцо Мусети и обезбеди пласман во финалето на Вимблдон. Србинот ќе има можност да се реваншира за поразот во финалето од минатата сезона на Карлос Алкарас.
„Карлос е одлична личност, голем работник, харизматичен е, луѓето го сакаат и има карактер кој му гарантира големи успеси. Сигурен сум дека ќе освои многу трофеи, но не во недела, туку кога јас ќе одам во пензија за едно 15 години. Се шегувам, се шегувам.“ – рече Ѓоковиќ.
Србинот се потсети и на детството, но и на проблемите кои ги имаше во пресрет на Вимблдон.
„Многупати сум кажал дека Вимблдон беше мојот детски сон. Кога имав седум години, додека надвор паѓаа бомби во Србија, јас сонував на играм на овој терен. Го правев победничкиот пехар на Вимблдон од се што можеше да се најде во собата. Задоволен сум како играв со оглед на проблемите кои ги имав во пресрет на турнирот. Дојдов тука осум дена пред почетокот, не знаев дали ќе бидам подготвен за настап со до денот на ждрепката. Одиграв на тренинзите неколку сета со топ играчите и видов дека не само што сум подготвен, туку и дека можам да стигнам далеку. Тој менталитет е секогаш тука и тука ќе биде. Им благодарам на мојот тим кои многу ми помогнаа.“ – додаде Новак Ѓоковиќ.