Ѓоковиќ: „Бернабеу“ е најубав стадион на светот, би било прекрасно да одиграм еден меч тука (Видео)

Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, при посетата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид беше воодушевен и истакна дека ова е најубавиот стадион на светот, и дека ги сакал таму еден ден да одигра тениски меч.

Ѓоковиќ кој синоќа присуствуваше на мечот Реал Мадрид – Атлетик Билбао и бурно го прослави голот на Федерико Валверде со кој Кралскиот клуб победи со 1-0, вечерва во главниот град на Шпанија ќе ја додели наградата „Лауреус“ за најдобар спортист на светот.

„Многу убаво, многу специјален стадион. Најдобар стадион на светот. Неверојатно, уау. Какво искуство. Би било неверојатно ако одиграм тука еден тениски меч. Можеби ќе се случи тоа еден ден, којзнае. Би било одлично“, коментираше Ѓоковиќ додека шеташе покрај теренот на стадионот на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести