Новак Ѓоковиќ е во Дубаи каде одигра два егзибициски натпревари, а се сретна и со познатиот фудбалски фристајлер Метеџан Канбур.
Новак прифати да биде „спаринг партнер“, а откако танцуваа околу топките, Метеџан му направи финта на Новак и топката му ја протна низ нозе. Ѓоковиќ со насмевка на лицето почна да бега од камерите, но ситуацијата веќе беше снимена.
И Канбур смета дека имал среќа и дека не знае како успеал да го направи тоа.