-2.2 C
Skopje
среда, 28 јануари 2026

Ѓоковиќ беше пред елиминација, но повредата на Музети му донесе полуфинале на ОП на Австралија

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија, но не затоа што беше подобар од Лоренцо Музети, туку само затоа што Италијанецот се повреди и мечот мораше да се прекине.

Музети беше многу подобар на теренот во првите два сета, кои ги доби со 6-4 и 6-3. Ѓоковиќ беше пред елиминација, но Италијанецот на почетокот од третиот се пожали на повреда на бутниот мускул и побара медицински тајмаут. Иако Музети се врати на теренот и го продолжи мечот, сепак Србинот доминираше и стигна до водство од 3-1, а Италијанецот не можеше да го следи ритамот поради повредата.

Конечната одлука беше да го предаде натпреварот на кој имаше водство од 2-0. Музети има само една победа над Новак Ѓоковиќ во 11-те натпревари, а вторпат го предава мечот против српскиот тенисер.

Ова е втор меч по ред на кој Србинот поминува во следната рунда без да победи, откако претходно го доби и осминафиналето против Јакуб Меншек поради откажувањето на чешкиот тенисер.

- Оглас -

Најнови вести