Новак Ѓоковиќ ноќеска се пласира во четвртфиналето на турнирот во Мајами, каде што треба да се соочи со Себастијан Корда. Сепак, неизвесно е дали овој дуел ќе се одигра бидејќи противникот на Србинот има проблеми со повреда.
Поради тоа, Корда го откажа мечот во двојки во Мајами, кој требаше да го игра заедно со Џордан Томпсон.
Американскиот тенисер имал проблеми и за време на мечот против Гаел Монфис, чувствувајќи болка во прстот, нешто што и самиот го потврди.
„Размислував за неколку детали во однос на играта. Ми минуваа негативни мисли поради повредата, наместо да останам позитивен. Морав да се рефокусирам и да продолжам да го давам најдоброто од себе“, изјави Корда.
Сепак, тој не ја исклучи можноста да се повлече од мечот против Ѓоковиќ и од понатамошното учество на турнирот.