Новак Ѓоковиќ без игра го доби четврт-финалето против Марин Чилиќ, откако хрватскиот тенисер реши да го предаде мечот. Ова требаше да биде 20-ти дуел меѓу овие ривали, а Ѓоковиќ е многу подобар и има 17 победи. Причина за повлекувањето е тоа што Чилиќ се затрул со храна.
„Жал ми е што морав да се повлечам, но имав грозна ноќ поради труење со храна. Многу сум разочаран што мојот настап во Мадрид се завршува на ваков начин. Се гледаме следната година“, напиша Чилиќ на својот инстаграм-профил.
Ѓоковиќ во полуфналето ќе го очекува подобриот од дуелот Роџер Федерер – Доминк Тим. Федерер синоќа спаси две меч-топки и го победи Гаел Монфилс. Со тој триумф, Федерер стана само вториот тениер во историјата кој стигнал до 1 200 победи во кариерата.
Во останатите две четвртфинални средби ќе играат Циципас – Зверев и Вавринка – Надал.
Коментарите се затворени.