23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Ѓоковиќ без проблеми стигна до третото коло на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ рутински стигна до третото коло на Ролан Гарос по триумфот во три сета над Пабло Кевас со 6-3, 6-2, 6-4 за малку повеќе од два часа игра.

Првиот светски рекет на речиси беспрекорен начин стигна до победата откако Кевас му направи само еден брејк во првиот сет, со што го налути Србинот, кој очигледно се брзаше.

За водство од 2-1 во гемови, уругвајскиот тенисер оствари брејк, за што доби двоен експресен одговор од Ѓоковиќ. Новак само за половина час го освои и вториот сет, а стартниот брејк потоа му го отвори патот до лесната победа за освојување на сетот со 6-4.

Во следното коло Ѓоковиќ ќе се соочи против 93-то пласираниот Рикардас Беранкис.

- Оглас -

Најнови вести