Ѓоковиќ без загубен сет до финале во Рим

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со 6-4, 6-3 го совлада Норвежанецот Каспер Руд, и се пласираше во финалето на Мастерсот во Рим. Ѓоковиќ и лани го победи Руд во Рим со 2-0 во сетови.

За Ѓоковиќ ова беше јубилејна 1.000-та победа на АТП турнири во кариерата.

Светскиот рекет број 1 без загубен сет дојде до утрешното финале во Рим, во кое за противник ќе го има Стефанос Циципас, Гркот со кој лани играа финале на „Ролан Гарос“ и јасно е дека тоа ќе биде одличен меч бидејќи двајцата играат одлично на земјена подлога.

 

- Оглас -

Најнови вести