2.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Ѓоковиќ: Браво Карлитос, ти си достоен шампион, волшебникот од Оз!

Носителот на рекордните 24 гранслем титули, Новак Ѓоковиќ, ги изрази своите емоции по финалето на Австралија опен со топла објава на Фејсбук, честитајќи му на новиот шампион Карлос Алкарас.


Шпанецот го победи Србинот во четири сета и за првпат триумфираше во Мелбурн.

„Битка за вековите. И на вековите. Дадов сѐ од себе денес. Но, не беше доволно.

Браво, Карлитос, мал титан, млад волшебнику од Оз. Достоен шампион, огромен талент, прекрасна личност и творец на историјата.

И многу љубов за Австралија. Нема друго место како среќниот „Слем“ и нема подобра атмосфера од онаа што ја доживеав во последните два меча. Засекогаш благодарен. До скоро“, напиша 38-годишната тениска легенда на својот официјален профил.

- Оглас -

Најнови вести