Ѓоковиќ: Да бев фудбалер, би играл за Црвена ѕвезда или Милан! (Видео)

Новак Ѓоковиќ даде интересно интервју за популарната фудбалска Инстаграм страница „433“, во кое одговараше на прашања како си замислува дека би течела неговата кариера, доколку беше фудбалер.

Српскиот тенисер откри дека ако бил фудбалер, би сакал да игра за Црвена ѕвезда или Милан. Би играл како Лево крило, би дал 111 голови и еден автогол, а смета и дека би бил агресивен и би заработил и 33 црвени картони.

„Би сакал да играм со Ибрахимовиќ, кој ми е драг пријател, секако и Меси и Роналдо се тука, а од постарите со Батистута. Трофеј кој би сакал да освојам како фудбалер би било Светско првенство со репрезентацијата на Србија“ – рече меѓу другото Новак.

- Оглас -

Најнови вести