Ѓоковиќ: Да, навивам за Партизан и секогаш ќе навивам кога ќе играат против некој клуб ако тој клуб не е Црвена ѕвезда (Видео)

Новак Ѓоковиќ беше главна ѕвезда на кошаркарскиот меч Монако – Партизан, на кој гостите се радуваа и обезбедија пласман во Топ 8 фазата од Евролигата. Интересно е дека Ѓоковиќ се израдува кога Партизан ја постигна тројката со која стигнаа до победа, а најдобриот тенисер во светот, кој е познат како голем навивач на Црвена ѕвезда, објасни зошто се радуваше и на успехот на Партизан.

„Да, навивам за Партизан затоа што тоа  е српски клуб и секогаш кога играат против некој клуб, а тој клуб не е Црвена ѕвезда, ќе навивам за нив. И мојот син Стефан е голем навивач на Партизан, па дојдовме да уживаме на овој меч“, рече Ноле.

https://twitter.com/i/status/1644443177737236483

- Оглас -

Најнови вести