Ѓоковиќ: Дали ќе одам на Србија – Бразил? Мора прво да ја прашам жена ми! (Видео)

Новак Ѓоковиќ попладнево игра со Андреј Рубљов на завршниот Мастерс, кој се одржува во Торино, а српскиот тенисер не знаеше дека фудбалската репрезентација на Бразил за СП се подготвува токму таму, на тренинг-центарот на Јувентус, но знае дека Србија треба да игра со Бразил во првото коло на Мундијалот во Катар.

Ѓоковиќ по мечот од првото коло против Стефанос Циципас имаше разговор со тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри, и сонародникот Дејан Станковиќ, кој е тренер на Сампдорија.

Зборуваа за фудбал, а за тоа дали Новак ќе оди во Катар на 24 ноември и дали ќе ја бодри Србија од трибините на мечот со Бразил, даде интересен одговор.

„Мора прво да побарам дозвола од жена ми“.

- Оглас -

Најнови вести