Ѓоковиќ им делува како еликсир на постарите навивачи (Фото)

Тениските навивачи во Бања Лука ужуваат на мечевите од АТП-турнирот, каде што главна ѕвезда е Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер се пласира во четвртфиналето на турнирот откако потешко од очекувањата, со 2:1 го победи младиот француски тенисер Лука ван Аш.

Навивачите на трибините уживаа во мајсториите на Ѓоковиќ, а од сите фанови, најголем впечаток остави една постара госпоѓа, која го имаше најоригиналниот транспарент.

„Ноле, на оваа прабаба ѝ го продолжи животот“, пишуваше на транспарентот.

Ѓоковиќ се заблагодари на поддршката и потенцираше дека во Бања Лука ја добива една од најголемите поддршки.

„Ова е една од најдобрите атмосфери кои ги имам доживеано во животот, а професионално играм тенис речиси 20 години. Сигурно вие имате заслуга за мојата победа“, рече Ѓоковиќ, кој секако е омилен тенисер на Балканот.

- Оглас -

Најнови вести