Ѓоковиќ: „Денес не бев на висина на задачата, Алкарас со само 21 година постигна многу“

Новак Ѓоковиќ немаше сили да дојде до победата на Вимблдон и загуби од Карлос Алкарас со максимални 3-0, иако во последниот сет спаси три меч-топки. Србинот во стил на голем џентлмен го призна поразот и му честиташе на противникот.

„Алкарас денес беше добро загреан. Очигледно ова не е резултатот кој го посакував, но не покажав ниво на тенис за да му парирам на противникот. Се обидов да го притиснам, спасив три меч-топки, но денес не ми беше судено. Карлос апсолутно заслужено победи, му честитам на триумфот. Честитки и за неговата екипа и на семејството. Направивте одлична работа. Има само 21 година, а веќе направи толку многу. Секоја чест.“ – рече Новак Ѓоковиќ после поразот во финалето на Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести