Ѓоковиќ за ривал има тенисер против кого никогаш нема играно

Новак Ѓоковиќ треба да има лесна задача да се пласира во четвртфиналето од Ролан Гарос, а ривал му е Лоренцо Мусети од Италија. Мусети е 19-годишен тинејџер кој за првпат игра во главниот дел од турнирот во Париз, а успеа да стигне до осминафиналето и меч со најдобриот на АТП-листата, Ѓоковиќ.

Популарниот Ноле никогаш досега нема играно против Мусети, но неколку пати му бил спаринг-партнер и не дека му е целосно непознат противник.

„Мислам дека Лоренцо е многу добро дете, добро момче. Никогаш не сме играле, но сме имале неколку тренинзи заедно сезонава во Монте Карло и на други турнири. Ми се допаѓа како игра. Има сила во неговите удари и има осет за тоа кога треба да излезе на мрежа. Добар е во секој дел од полето“, вели Ѓоковиќ за неговиот денешен ривал.

По дуелот на Ѓоковиќ и Мусети, ќе игра и Рафаел Надал против Јаник Синер. Шпанецот двапати играл со овој ривал и двапати лесно победувал со 2:0 и 3:0 во сетови, па и сега не треба да има многу проблеми да се пласира во следното коло на гренслемот на кој Рафа е крал.

 

- Оглас -

Најнови вести